

По принципот клуч на рака ние ви нудиме куќа спремна за вселување. Подетално:
добивате целосни ѕидови 25см со термо-изолација, однадвор со фасада во боја по ваш избор, одвнатре искречени исто со боја по ваш избор. Надворешна блиндор врата, внатрешни дрвени врати, пвц прозорци (7 коморски). Поставена струјна, водоводна и одводна инсталација. Сите неопходни светла. Подови- ламинат или бродски под. Купатилата целосно излепени со плочки, кујната на подот плочки и на ѕидовите во висина до 1.5м. Оџак ѕидан, за кров може да бирате помеѓу лим, шиндра и керамиди, и олуците и гром-обран спаѓаат во овој пакет. Доколку се решите за куќи над 100 метри квадратни, во тој случај купатилата ќе ви ги
опремиме целосно со санитарии.
НАПОМЕНА: Нашите објекти се со енергетски пасош (што ви гарантира максимална енергетска ефикасност, и ги исполнуваат сите европски стандарди за квалитет.