
ЗА НАС

Довербата е само една од работите кои ги градиме добро.
"ECO-HOUSE" е нова компанија составена од искусен кадар, докажани во полето на градба на објекти за домување и се што опкружува еден семеен дом: летниковци, гаражи, перголи, базени, фонтани итн... Се сметаме за мала компанија но со огромни капацитети и неограничени можности. Единствено не сме добри во кажување НЕ на желбите на клиентите. Нашите куќи претставуваат единствен спој на напредна технологија, беспрекорен дизајн и максимална енергетска заштеда.
Нашата компанија настана со цел да ја зголеми конкуренцијата на пазарот со монтажни ЕКО-Куќи кој воглавно до сега беше премногу монотон, без многу избор. Се бавиме со 2 типа на градба и тоа: Куќи со ДРВЕНА КОНСТРУКЦИЈА и Куќи со ЅИДАНА КОНСТРУКЦИЈА. Тоа што нашата конкуренција го нуди неможе да се спореди со квалитетот на работа кој ние го практикуваме. Потребата од прва класа на материјали и квалитетната изработка да биде со попристапни цени и достапна до сите наши потенцијални клиенти е истотака една од главните причини за постоењето на компанија.
МИСИЈА:
Она кон кое ние се стремиме е да Ви понудиме еден севкупен производ наречен дом. На севкупен мислиме целосен проект од фаза на проектирање на вашиот објект, до реализација и изведба на истиот, дури и до изработка и вградување на мебел. Едноставно ние како компанија се стремиме да Ви понудиме се штo му е потребно на еден дом, да не морате да губите време и енергија барајки други фирми и подизведувачи, Ние имаме решение за СЕ. Работиме напорно, инвестираме во врвна опрема, соработуваме исклучиво со најквалитетните и веќе докажани брендови во оваа област.Но најважно од се, инвестираме во човечките ресурси, вработувајки искусни и докажани мајстори во својата област, поддржани од тим на млади, креативни и амбициозни луѓе. Целиме кон што повеќе задоволни клиенти и успешно завршени проекти кои ќе постават нови естетски и квалитативни стандарди во градежништвото. Постоиме за да ги оствариме желбите и потребите на нашите клиенти, кои што се и ќе останат наш врвен приоритет и се мотивацијата околу која се насочува целата наша креативност и енергија.