top of page

КУЌИ СО СПРАТ / ПОТКРОВЈЕ

Сите типови на објекти кои ги гледате во оваа категорија, можат да бидат изведени со три типа на конструкција:

- Дрвена Конструкција (Еко-Куќа), 

- Ѕидана Конструкција (со YTONG термо-блокови) 

- Брвнари (исто дрвена конструкција со фасада од брвна).

 

Доколку располагате со плац кој не ви ја ограничува градежната парцела намената за куќа тогаш приземните куќи се вистинскиот избор за вас. Исто така предноста на овој тип на куќи е тоа што немаат скали, така да комуникацијата помеѓу собите е олесната. Треба да напоменеме дека сите типови на куќи кој ние ги градиме, без разлика на спратноста и квадратурата ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет и се со Сертификат за Енергетска Ефикасност (енергетски пасош).

NINA - Куќа од 110 метри квадратни на спрат и поткровје, која е составена од (на приземје): Влезен ходник и Гостински тоалет, отворен простор кој содржи Дневна соба, Трпезарија и Кујна, потоа 1 спална или детска или работна соба зависно од вашите потреби. А на спратот има: 3 спални соби и голема бања

Соодветна за семејства кои сакаат да ги оделат спалните соби од дневниот боравок. Исто така предноста на оваа куќа е што ќе ви заштеди простор од плацот бидејки во основа е само 53 метри квадратни.

Camelot

ТИП 200 

Camelot - Куќа од 200 метри квадратни на спрат и поткровје, која е составена од (на приземје): Влезен ходник и голема Бања, отворен простор кој содржи Дневна соба и Трпезарија. Кујна, потоа 1 гостинска соба или спална или работна соба зависно од вашите потреби и гаража. А на спратот има: 2 детски соби, две големи спални соби со гардеробер, и голема бања. 

Соодветна за семејства кои сакаат да ги оделат спалните соби од дневниот боравок. Исто така предноста на оваа куќа е што ќе ви заштеди простор од плацот бидејки во основа е  80 метри квадратни.

ECO-HOUSE/ В 078-699-215 / eco-house@yahoo.com / © 2014 ЕКО-КУЌА и BARDzOVSKI DESIGN LAB. 

  • facebook
  • Twitter Round
  • googleplus
bottom of page