top of page
Izgradba na Montazni Eko-Kukji vo Makedonija.
ecohouse mk house ecology green montazni kukji kuki gradba makedonija energetski efikasni zidani skopje
Печките и радијаторите треба да ги полниме кога има ефтина струја, така ги намалуваме сметките за електрична енергија.
Како до подобра енергетска ефикасност?
Во време каде што цените на дериватите за затоплување се високи, секое домаќинство би требало да се труди да ги намали трошоците за затоплување или ладење на својот дом. Ние Ви нудиме неколку совети како да го направите тоа. Колку повеќе од нашите совети примените, толку повеќе ќе заштедите енергија или парични средства, и воедно ќе добиете енергетски ефикасна куќа.
При изборот на електричен бојлер внимавајте на топлинската изолација на апаратот. Годишно заштедува и до 300 KW/h енергија.
При изборот на електричен бојлер внимавајте на топлинската изолација на апаратот. Годишно заштедува и до 300 KW/h енергија.
Сонцето ветерот и водата се обновливи извори на енергија. Затоа користете ги секогаш, кога можете.
Што повеќе сончева светлост влегува во просториите потребата од вештачко осветлување е помала, а заштедите поголеми
Ринглата акумулирала доволно топлина која е потребно да ја искористите, немора да остане вклучена до крајот на готвењето.
Како што не користите компјутери од минатиот век, така би требало да набавите и нови штедливи светилки, поефикасни се и поштедливи и до 70%.
Полначите за телефон и лап-топ се наречени ЕНЕРГЕТСКИ ВАМПИРИ со причина, трошат струја и кога не се полни уред на нив, исклучете ги од штекер доколку не полните некој уред.
Термо-изолација на куќата е инвестиција која се враќа за помалку од 5 год., а ја намалува потрошувачката на ел. енергија и за 30% на годишно ниво.
Изгасете ги светлата во просториите кои не ги користите подолго време. А за надвор набавете светилки со сензор за движење, така ќе се палат по потреба
Најголеми потрошувачи во едно домаќинство се шпоретот и фрижидерот, доколку ги смените старите со нови енергетски ефикасни апарати, заштедите се огромни.
Прозорците најмногу значат за тоа колку енергија ќе потрошите за затоплување или ладење на вашиот дом, одберете ги најдобрите.
Соларните бојлери се одлична инвестиција, но внимавајте кога купувате, купете го оној кој е најефикасен и зимо и лето. Тоа се најчесто оние со вакумски цевки.
bottom of page